Skip to main content

Neocortex

НАШИОТ УМ

Е НАША НАЈГОЛЕМА МОЌ

НЕОКОРТЕКС

Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Обезбедува стручна, доверлива и индивидуализирана психолошка и психотерапевтска поддршка за деца, адолесценти и возрасни, како и за парови, семејства и групи.

Нашиот тим од лиценцирани психолози и психотерапевти применува современи и научно засновани пристапи, меѓу кои гешталт психотерапија, семејно-системска терапија, EMDR, емоционално фокусирана терапија за парови – EFT и психодрама.

Преку NEOCORTEX Corporate реализираме обуки, работилници, тим-билдинг активности и развојни програми за компании и институции. Нашата мисија е да го унапредуваме менталното здравје, личниот развој и квалитетот на односите, преку професионална поддршка и создавање позитивни и одржливи промени. НЕОКОРТЕКС е основан во 2017 година од психологот и психотерапевт м-р. Ивана Хаџиванова.

Нашите услуги

Психотерапија и
психолошко
советување за
возрасни

  • Индивидуална психотерапија и психолошко советување за возрасни

  • Поддршка при траума и кризни состојби

  • Онлајн психотерапија и советување преку видеоповик

  • Кариерно советување и професионална ориентација

  • Групна психотерапија и тематски групи

Психолошка
поддршка за деца
и адолесценти

  • Психотерапија и советување за деца и адолесценти

  • Терапија со игра за деца

  • Mind Lab – групна програма за деца и адолесценти

Психодијагностика
и психолошка
проценка

  • Психолошка проценка на когнитивното, емоционалното, личносното и развојното функционирање кај деца, адолесценти и возрасни, со стручен извештај и препораки.

Партнерска, семејна
и родителска
поддршка

  • Партнерска психотерапија и советување

  • Семејна психотерапија и советување

  • Психолошко советување за родители

  • Психолошко советување во постапка за алогенеичко биомедицински потпомогнато оплодување — со извештај

Организациски
развој, обуки и
едукации

  • Корпоративни обуки, тим-билдинзи и организациски развој

  • Психолошки работилници и психоедукација

  • Стручни едукации за професионалци

Психотерапија и
психолошко советување
за возрасни

  • Индивидуална психотерапија и психолошко советување за возрасни
  • Поддршка при траума и кризни состојби
  • Онлајн психотерапија и советување преку видеоповик
  • Кариерно советување и професионална ориентација
  • Групна психотерапија и тематски групи

Психолошка поддршка
за деца и адолесценти

  • Психотерапија и советување за деца и адолесценти
  • Терапија со игра за деца
  • Mind Lab – групна програма за деца и адолесценти

Партнерска, семејна и
родителска поддршка

  • Партнерска психотерапија и советување
  • Семејна психотерапија и советување
  • Психолошко советување за родители
  • Психолошко советување во постапка за алогенеичко биомедицински потпомогнато оплодување — со извештај

Организациски развој,
обуки и едукации

  • Корпоративни обуки, тим-билдинзи и организациски развој
  • Психолошки работилници и психоедукација
  • Стручни едукации за професионалци

Психодијагностика и психолошка проценка

  • Психолошка проценка на когнитивното, емоционалното, личносното и развојното функционирање кај деца, адолесценти и возрасни, со стручен извештај и препораки.

За кого е наменето?

Деца

Поддршка при емоционални, развојни и бихевиорални тешкотии, адаптација, учење, саморегулација и
односи.

Адолесценти

Поддршка при анксиозност, промени во расположението, идентитет, самодоверба, училишни и врснички предизвици.

Возрасни

Психотерапија и советување при психолошки тешкотии, стрес, траума, животни промени, односи и личен развој.

Парови и семејства

Поддршка при конфликти, нарушена комуникација, кризи, родителски предизвици и семејни
промени.

Компании и организации

Корпоративни обуки, работилници, тим-билдинг активности и развојни програми за вработени, лидери и тимови.

Тимот што не движи

Каде можеме да помогнеме

Пристапот се приспособува на возраста, потребите, психолошката состојба на секој клиент. Кога е потребно, поддржуваме координирана соработка со психијатар, матичен лекар, педијатар или друг релевантен професионалец.

  • анксиозни растројства, фобии, панични напади и социјална анксиозност;
  • депресивни растројства, постпартална депресија и други тешкотии поврзани со расположението;
  • опсесивно-компулсивно растројство;
  • акутни реакции на стрес, трауматски искуства, посттрауматско стресно растројство и комплексна траума;
  • психосоматски тешкотии и телесни симптоми поврзани со психолошки фактори;
  • растројства на приспособувањето и тешкотии при значајни животни промени;
  • растројства и тешкотии со спиењето;
  • растројства во исхраната и тешкотии поврзани со односот кон храната, телото и телесната слика;
  • зависности и компулсивни или ризични однесувања;
  • сексуални тешкотии и дисфункции;
  • растројства на личноста и долготрајни тешкотии во емоционалното и интерперсоналното функционирање;
  • емоционална дисрегулација, импулсивност и тешкотии во справувањето со лутина;
  • ниска самодоверба, несигурност, срамежливост и тешкотии во самоприфаќањето;
  • перфекционизам, прекумерна самокритичност и повторувачки нефункционални обрасци;
  • професионален стрес, прегорување и нарушена рамнотежа меѓу работата и приватниот живот;
  • прашања поврзани со сексуалната ориентација, родовиот идентитет и процесот на самоприфаќање;
  • репродуктивни и перинатални психолошки предизвици;
  • партнерски, брачни и семејни тешкотии, разделба и развод;
  • загуба, тагување и приспособување по значајна загуба;
  • интрапсихички конфликти, животни кризи и донесување важни животни одлуки;
  • трема и анксиозност поврзани со јавен настап и професионално изложување;
  • булинг, врсничко насилство и тешкотии во социјалните односи;
  • развојни тешкотии и развојна дисхармонија кај деца;
  • емоционални и бихевиорални тешкотии кај деца и адолесценти, вклучително тантруми, импулсивност, агресивно и опозиционално однесување;
Neocortex – Области на психолошка поддршка

Доверба и вистински резултати

Искрени сведоштва и реални приказни од клиенти што направиле промена во својот живот

А. М., индивидуална психотерапија

„Од самиот почеток се чувствував слушнато, разбрано и прифатено.

Психотерапијата ми помогна подобро да ја разберам анксиозноста, да ги препознавам сопствените потреби и посигурно да се справувам со секојдневниот стрес и предизвиците.“

С. и Д., партнерска психотерапија

„Партнерските сесии ни помогнаа да излеземе од кругот на токсично меѓусебно обвинување и постојано критикување и повторно вистински да се слушнеме.

Денес разговараме поотворено, подобро ги разбираме потребите еден на друг и, со поддршка од психотерапевтот, успеавме заедно да надминеме сериозна брачна криза.“

Семејство К., семејно советување

„Како семејство дојдовме во период на голема криза, исполнет со напнатост и недоразбирања — и меѓу нас како партнери и во односот со нашите деца во пубертет.

Со стручната поддршка почнавме да комуницираме посмирено, подобро да ги разбираме различните потреби во семејството и повторно да чувствуваме поголема поврзаност.“

Е. Н., онлајн психотерапија

„Преселбата во странство и почетокот на факултетот ми беа многу потешки отколку што очекував.

Онлајн сесиите ми овозможија да добијам професионална поддршка на мајчин јазик. И покрај физичката дистанца, се чувствував блиску, сигурно и разбрано.“

Н. Л., индивидуална психотерапија

„Во психотерапијата првпат отворено зборував за најинтимните делови од себе, за мојата сексуална ориентација и за стравот од неприфаќање.

Постепено дојдов до поголемо самоприфаќање, ја надминав депресивноста и, по многу години, направив важни чекори во процесот на откривање на мојот идентитет пред блиските.“

М. Т., родител на дете вклучено во психолошка поддршка

„Моето дете постепено стана поотворено во изразувањето на своите емоции и во прифаќањето на хроничната здравствена состојба со која се соочува, како и на промените и приспособувањата што таа ги носи.

Ние како родители подобро го разбравме неговото однесување и добивме практични насоки што можевме да ги примениме дома.“

Претставник на компанија, корпоративна програма

„Соработката со НЕОКОРТЕКС тимот беше професионална, добро организирана и целосно приспособена на потребите на нашиот тим.

Програмата со обуки беше многу интерактивна и практична, поттикна отворена дискусија и ни понуди конкретни алатки за подобра комуникација, поефикасно професионално функционирање, справување со стресот и подобра тимска соработка.“

А. М.

А. М.

индивидуална психотерапија

„Од самиот почеток се чувствував слушнато, разбрано и прифатено. Психотерапијата ми помогна подобро да ја разберам анксиозноста, да ги препознавам сопствените потреби и посигурно да се справувам со секојдневниот стрес и предизвиците.“

С. и Д.

С. и Д.

партнерска психотерапија

„Партнерските сесии ни помогнаа да излеземе од кругот на токсично меѓусебно обвинување и постојано критикување и повторно вистински да се слушнеме.

Денес разговараме поотворено, подобро ги разбираме потребите еден на друг и, со поддршка од психотерапевтот, успеавме заедно да надминеме сериозна брачна криза.“

Семејство К.

Семејство К.

семејно советување

„Како семејство дојдовме во период на голема криза, исполнет со напнатост и недоразбирања — и меѓу нас како партнери и во односот со нашите деца во пубертет.

Со стручната поддршка почнавме да комуницираме посмирено, подобро да ги разбираме различните потреби во семејството и повторно да чувствуваме поголема поврзаност.“

М. Т.

М. Т.

родител на дете вклучено во психолошка поддршка

„Моето дете постепено стана поотворено во изразувањето на своите емоции и во прифаќањето на хроничната здравствена состојба со која се соочува, како и на промените и приспособувањата што таа ги носи.

Ние како родители подобро го разбравме неговото однесување и добивме практични насоки што можевме да ги примениме дома.“

Е. Н.

Е. Н.

онлајн психотерапија

„Преселбата во странство и почетокот на факултетот ми беа многу потешки отколку што очекував.

Онлајн сесиите ми овозможија да добијам професионална поддршка на мајчин јазик.

И покрај физичката дистанца, се чувствував блиску, сигурно и разбрано.“

Претставник на компанија

Претставник на компанија

корпоративна програма

„Соработката со НЕОКОРТЕКС тимот беше професионална, добро организирана и целосно приспособена на потребите на нашиот тим.

Програмата со обуки беше многу интерактивна и практична, поттикна отворена дискусија и ни понуди конкретни алатки за подобра комуникација, поефикасно професионално функционирање, справување со стресот и подобра тимска соработка.“

Н. Л.

Често поставувани прашања

Средбите се реализираат со претходно закажан термин. Пред закажувањето можете да ги разгледате услугите и стручниот тим на нашата веб-страница, а при контактот накратко да ја наведете причината за вашето обраќање. Сите информации што ги споделувате се третираат доверливо и професионално.

Не е потребна посебна подготовка. Доколку причината за обраќање е поврзана со здравствена состојба, претходна психолошка или психијатриска проценка, развојна тешкотија или болничко лекување, корисно е да понесете релевантна медицинска или стручна документација.

За информации и закажување термин, најдобро е да нè контактирате телефонски. Достапни сме и преку е-пошта, Viber и WhatsApp, вклучително и за клиенти од странство.

При контактот можете накратко да ја споделите причината за обраќање. Во согласност со вашите потреби, возраста, јазикот, видот на услугата и достапните термини, ќе ви помогнеме да изберете соодветен психолог или психотерапевт.

Термините се закажуваат од понеделник до сабота, од 10:00 до 20:00 часот.

Психотерапевтската поддршка може да биде корисна при психолошки и емоционални тешкотии, симптоми или дијагностицирани ментални растројства, стрес, кризни состојби, трауматски искуства, значајни животни промени, предизвици во односите, повторувачки обрасци на размислување и однесување, донесување важни одлуки, како и при потреба од подобро разбирање на себе и личен развој.

Барањето стручна поддршка е одговорен чекор во грижата за менталното здравје.

Првата сесија вклучува запознавање и разговор за причината за обраќање, актуелните тешкотии, потребите и очекувањата на клиентот. Во текот на средбата, психологот или психотерапевтот обезбедува стручна проценка, советодавна поддршка и почетни насоки приспособени на конкретната ситуација.

За одредени прашања една консултативна или советодавна сесија може да биде доволна. Кога тешкотиите се подолготрајни, посложени или бараат подлабока работа, се предлага континуиран психотерапевтски процес. Заедно со клиентот се утврдуваат целите, динамиката и најсоодветниот понатамошен начин на работа.

Закажете сесија со член од нашиот професионален тим

Контакт информации

Е-маил: neocortex.centar@gmail.com

Контакт телефон: +(389)76 496 496

Понеделник - Сабота: од 10:00 до 20:00 часот

Работата се одвива со претходно закажан термин.

Бул. „Јане Сандански“ бр. 11-1/25 Аеродром, Скопје

    Испрати ни Порака

      Испрати ни Порака

      Контакт информации

      Е-маил: neokorteks.center@gmail.com

      Контакт телефон: +(389)76 496 496

      Понеделник - Сабота: од 10:00 до 20:00 часот

      бул. Јане Сандански бр. 11, 1000 Скопје